Брз Свет x2

Брзиот свет ги следи правилата и механиката на ИО II 'Ера на Освојувања', но брзината на игра е помножена со 2, што значи дека развојот на профилите е 2 пати побрз од оној во нормалните светови. Времетраењето на ерата е околу 8 месеци (помеѓу 7 и 8 месеци), а датумот на крајот на ерата се одредува од администрацијата на Империја Онлајн. Листата подолу ги претставува карактеристичните особини и акценти коишто сите учесници во брз свет x2 треба да ги имаат во предвид додека играат:

Економија

  • Производство х2 - 2 пати поголемо количество ресурси произведени за 1 час на основа на 100 работника, имено - 20 дрво/ 4 железо/ 10 камен.
  • Приход на злато x2 – 2 пати поголемо количество злато, извлечено како данок за 1 час од 100 работници, имено:
    • Второ ниво (многу низок) - +2 злато
    • Трето ниво (низок) - +4 злато
    • Четврто ниво (среден) - +6 злато
    • Петто ниво (висок) - +8 злато
    • Шесто ниво (многу висок) - +10 злато
  • Прираст на население х2 - бројот на население се зголемува 2 пати побрзо, но лимитот на население кај Номадите и капацитетите на куќите кај Империјаните остануваат исти.
  • Брзината на игра не влијае врз Задоволството.
  • Брзината на светот не влијае врз миграцијата.
  • Времето за изградба и истражување е поделено со 2.
  • Моменталната изградба е достапна ако преостануваат само 48 часа, а моменталното истражување - 12 часа.
    * Ова е основниот лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку е повисок и лимитот.
  • Транспортот на ресурси помеѓу припоените провинции додека има напад одзема 10 минути. Во мирни времиња може да биде моментален.
  • Каматите од банката се ограничени до 6 000 000 на ден.
  • Кредитите од банката се со 2 пати поголеми количества, а периодот за исплаќање е 168 часа.
  • Платеното 10-часовно производство може да се прими на секои 24 часа. Применото количество ресурси е 2 пати поголемо од она во свет со нормална брзина бидејќи производството е x2, а цената останува иста - 1700 дијаманти.
  • Патувањето на колонизаторите кон претходно посоченото место за колонија е 2 пати побрзо, но изградбата на колонијата останува 12 часа.

Војска

  • Времето за обука на единиците е 2 пати пократко.
  • Брзината на единиците е 2 пати повисока.
  • Издржувањето е 2 пати поголемо.
  • Најкратката мисија во мирни времиња е 20 минути до активни играчи и 5 минути до напуштени империи.
  • Патувањето помеѓу припоените провинции и до независни провинции одзема 5 минути ако Империјата е под напад; 2 минути и 30 секунди ако напаѓа непријател од непријателски сојуз или може да биде моментално во мирни времиња.
  • Периодот на затишје на независните провинции во кои сѐ уште има ресурси е 2 пати пократок.
  • Провинција може да биде ограбувана еднаш на секои 84 часа. 4 грабежи може да бидат извршени од еден играч на секои 24 часа.
  • Капитулацијата трае 84 часа. Играч “а” има право да капитулира од играч “б” само ако 24 часа пред капитулацијата “б” го нападнал “а” најмалку еднаш, а “а” не го нападнал “б”.
  • Автоматски генерираната чест е +3 за Офицери-Дипломати и 2 за сите други играчи.

Дипломатија

  • Стадиумите на Статусот на Лојалност се поделени со 2, па соодветните специјални бонуси и бонуси за Задоволство се добиваат 2 пати порано во ерата.
  • Времетраењето на војна е 84 часа. Но, периодот на затишје помеѓу објавување и активирање на војна останува 8.
  • Најкратка мисија во војна е 10 минути.
  • Една провинција може да биде ограбувана на секои 42 часа во војна.
  • Периодот на затишје (без напади) на новоосновани/освоени сојузни поседи и понатаму е 12 часа.
^