Регрутација на Војска

  • Се извршува преку обука на невработени цивили во касарните ако има доволно достапни ресурси за регрутација на единиците.
  • Касарните имаат почетен капацитет од 50 војника и со секое ниво овој број се зголемува за 50.
    Активирањето Премиум, платен со дијаманти, го зголемува капацитетот на касарните кај Империјаните за 20%.
  • Независно колку војници од истиот вид се порачани одеднаш, сите ќе бидат готови во исто време.
  • Ако повеќе немате слободни места во касарните, но имате слободни групи, дозволени за обука од нивото Воени вештини, можете да ги регрутирате во ред за чекање. Групите во ред за чекање ќе бидат обучувани една после друга. Ако располагате со доволно ресурси и население, може да ги регрутирате сите преостанати слободни групи за обука одеднаш, но не заборавајте дека сѐ уште ќе бидат во ред за чекање.
  • Надоградување единици - претворање на пониска класа единици во повисока класа единици од истиот вид ако ги имате потребните нивоа истражување. Може да надоградите лесни и/или тешки единици во елитни единици од истиот вид, во четвртото подмени во секоја касарна. За оваа цел не Ви е потребно население. Цената на надоградувањето е разликата помеѓу вкупната цена на повисоката класа единици и вкупната цена на пониската класа единици. Времето за обука е она од повисоката класа единици. Опсадните машини не можат да бидат надоградувани.
  • Откако воените единици се обучени*, остануваат немобилизирани 72 часа. За време на тој период, можете да ги мобилизирате кога што сакате. Кога ќе истече 72-часовниот период, тие автоматски се мобилизираат.
    * Активирањето Премиум, платен со дијаманти, го намалува времето за обука кај Империјаните за 20%.
  • Немобилизираните војници нема да се борат, ниту може да бидат уништени. Непријателските шпиони не може да ги видат.

Глобален Морал

  • Борбен дух на војската.
  • Глобалниот Морал зависи од целосното поведение на играчот.
  • Основната вредност на Морал за Империјаните во напад е 100, во одбрана 110, во која било припоена провинција или колонија и 120 во престолнината. Но, ако играч нападне друг играч, надвор од дозволениот опсег нето економски поени x2, Моралот паѓа бидејќи играчот не се бори со рамен на него. Со секоја разлика од 0,1 (независно дали над или под опсег x2,) Моралот прогресивно паѓа за 1,67 поени.
  • И двете раси имаат 10 поени бонус Морал во одбрана во престолнината. Империјаните имаат дополнителни 10 поени бонус Морал во одбрана во сите провинции.
  • Во битка против Номади, независно дали во одбрана или напад, Моралот паѓа за 10, бидејќи се бори против варварин.
  • При враќање дома, војската ја обновува основната вредност на Моралот.
  • Основниот Морал може да се зголеми со истражување Воена Подготовка коешто дава 1 поен Морал по ниво. Ако играч е во Сојуз, на позиција Командант, добива основен бонус од +10 поени Морал, но вистинската вредност на овој бонус зависи од Статусот на Лојалност на играчот во Сојузот.
  • Двете војски започнуваат да се борат со нивниот Глобален Морал - 100 против 110, основни вредности, ако и двајцата се Империјани, 90 против 100, ако првиот е Империјан и вториот Номад, и 110 против 100, ако првиот е Номад, а вториот Империјан.
  • Во секоја рунда, Моралот паѓа заради замор (со 4+/-3 поени), штета (за 1 до 3 поени). Кога Вашата војска предизвикува повеќе штета од противничката, Вашиот морал се зголемува, а непријателскиот паѓа, според следната формула:
    • 20-50% разлика во златен еквивалент на изгубена војска = 1 корекција на морал
    • 51-150% разлика = 2 корекција на морал
    • Сѐ над 150% разлика = 3 корекција на морал
  • Разликите во падот на Морал може да достигнат 1-7 секоја рунда коешто спречува губење на битката поради случајност.
  • Кога ќе ја помине границата од 50 морал, постои шанса војската да побегне. Шансата постепено се зголемува со 2% за секој поен помалку Морал.
  • Гарнизонот во Тврдина нема морал - тие едноставно не можат да избегаат никаде.
  • Ако војската побегне од бојното поле, автоматски губи 20% од преостанатите трупи ако противникот е Империјан и 25%, ако е Номад. Остатокот од војската се враќа до провинцијата од каде што била испратена.
  • Ако војската побегне при фазата Опсада на Тврдина, автоматски губи 10% од преостанатите трупи, ако противникот е Империјан и 15% ако е Номад.
  • Ако војска нападне 'внатрешна провинција' (провинција заградена од сите провинции со кои граничи), губи 20 поени морал. Провинција не може да биде двојно заградена.

Структура на битка

  • Почеток на Битка
    • За напад на друг играч потребни се најмалку 200 војници.
  • Повлекување
    • Важи за сите видови напад, но само за колонии.
  • Теренот на битката
    • Различните видови терени ѝ даваат различни бонуси на војската за време на битка. Разгледајте го делот Терени (Економија -> Проширување на Империјата -> Независни провинции -> Терени), имајте на ум дека Империјаните имаат фиксен 10% бонус напад во одбрана.
Напомена! Освен бонусите од терени во напад или одбрана (ако постојат такви), можете да ја зголемите силата на својата војска во напад и/или одбрана преку активирање Премиум (со 10% бонус напад и 10% бонус животни поени).
  • Опсада на Тврдина
    • Се спорведува после успешна, за напаѓачот, Битка на поле. Ако нема никаква одбранбена војска на поле, распоредена пред ѕидовите на Тврдината, битката за Опсада на Тврдина се извршува директно, каде што напаѓачките војници целат да ги уништат ѕидовите на непријателската Тврдина.
    • Успешна Опсада на Тврдина запленува онолку количество ресурси колку што одговара на капацитетот на носивост на испратените единици и товарни колички. Еднаков процент од секој вид ресурс од нападнатата провинција е натоварен (на пример, престолнината), што значи дека ако целата престолнина на бранителот се состои од: 100 дрво, 100 железо, 100 камен и 100 злато, а капацитетот на носивост на напаѓачот е 200, тој ќе однесе по 50 од секој ресурс.
    • Ако престолнината е нападната и нејзиниот биланс на злато е негативен, напаѓачот не го зема со себеси т.е. војската не се враќа во империјата со негативно злато.
    • Не може да се запленува ако не биде уништен ѕидот на Тврдината.
    • Со секоја успешна Опсада на Тврдина се заработуваат 2 поени Чест, се разбира, ако се исполнети условите за добивање чест.
  • Битка на поле
    • Овој напад ги испраќа трупите да се борат само со противничката војска на поле, без опсада на Тврдина или грабеж над цивилното население.
    • Војската на битка на поле ниту запленува ресурси, ниту убива население. Единствена заработка за напаѓачот се воените поени од уништените непријателски единици и честа, во случај да изгубил најмалку 10% од своите трупи.
    • Со секоја успешна Битка на поле се заработува 1 поен Чест, се разбира, ако се исполнети условите за добивање Чест.
    • Одбранбените трупи на поле имаат 10% бонус животни поени ако се распоредени во престолнината.
  • Грабеж
    • Нанесува штети на противничкото цивилно население.
    • Вработеното население на ограбената провинција не се отпушта целосно од рудниците за време на ударот. Ограбеното население се дели на 3 еднакви проценти и секој од нив е изваден од: Пиланата, Каменоломот и Рудникот за Железо, додека незасегнатото цивилно население продолжува да произведува ресурси.
    • Носи злато по следната формула: 1 убиен цивил = 5 злато.
    • Се казнува со одземање Чест бидејќи се смета за злочин против човештвото. Секој успешен грабеж ја намалува Честа на агресорот за 4 поени.
    • Уништува до 20% од населението во провинцијата ако напаѓачот е Империјан, или до 30% ако напаѓачот е Номад. После тоа, истата провинција не може да биде ограбена во наредните 168 часа.
    • Секој играч има право да испрати до 4 грабежи на секои 24 часа. Се бројат и повлечените грабежи.
    • За да биде успешно, вкупната сила на ограбување на напаѓачката војска треба да биде еднаква на најмалку од 11% од населението на загрозената провинција. Научете повеќе за индивидуалниот коефициент на сите единици во мени Воени Единици.
    • За да се изврши грабеж со најголема штета, војската треба да биде минимум 20% од населението на нападнатата провинција.
    • Ако има војска на поле во одбрана, таа мора да биде уништена за да биде извршен Грабежот.
    • Одбранбената војска може да се повлече ако опцијата е вклучена и ако е распоредена во колонија.
    • Секое ниво Тврдина може да заштити одреден број население од грабеж - секое наредно ниво го зголемува бројот на заштитено население за 112% спрема претходното, почнувајќи на основа 120 селани. Бројот на ограбено население се пресметува и од него се одзема зачуваниот број. Ако Тврдината е уништена и не е поправена може да заштити 1/3 од основниот број.

Механика на Битката

  • Движење на Војска
    • Војската секогаш патува со брзината на најбавната единица, на пример опсадни машини - 40ИМ на час.
    • Додека е на мисија, потребно ѝ е 1,2 пати поголемо издржување од тоа дома. Бидејќи издржувањето на војските во движење кај Номадите е x1.02, кај Империјаните мисиите се ~17% поскапи.
    • Времето за патување на може да биде помалку од 40 минути. Ако целта може да се достигне за помалку од 40 минути, мисијата одзема 40 минути точно. Времето за достигнување на целта е еднакво на времето за враќање дома.
      Ако времето за патување трае помалку од 60 минути, нападот е видлив за бранителот, веднаш после почетокот. Ако е подолго од час (независно дали е 1 час и 5 минути или 5 часа), нападот ќе се види 60 минути пред ударот.
      Времето за патување до напуштена империја не може да биде помалку од 10 минути.
    • Картографијата може да го намали времето на мисијата, но таа никогаш не може да биде пократка од 40 минути.
    • Бранителот не може да ја премести војската во и кон провинцијата под напад ако остануваат помалку од 5 секунди до ударот.
    • Напаѓачот не може да ја повлече војската ако останале помалку од 5 секуди до ударот.
    • Ако страната редовно не се освежува, преостанатото време што го покажуваат бројачите на мисиите може да не одговара на времето од серверот, според коешто се случуваат сите акции и настани во играта. Затоа, ако сметате дека точното време е клучно за беспрекорен успех на Вашите мисии, препорачуваме редовно да освежувате, најмногу кога има повеќе од една војска во движење (било да се преместува или е во напад или и двете), дури и кога до судирот преостануваат помалку од 2 минути. И сепак не заборавајте дека не е исклучено отклонување од типот на 1-2 секунди од пресметаното време, особено кога во тоа пресметување учествува бојниот калкулатор, така што успешното пресретнување на противничката војска во краток интервал од 1 до 2 секунди не може да се гарантира.
  • Битка на Поле
    • Распоред на војска на бојното поле - поделена е во три основни зони: Лево Крило, Центар, Десно Крило, распоредени во длабочина во предна и задна линија, меѓу кои има уште една линија.
      • Прва линија - располага со 3 зони: Лево Крило, Центар и Десно Крило. Овде се распоредени единиците за блиска борба.
      • Втора линија - Резерва - составена од само една зона, овде повторно се распоредени само единици за блиска борба, заеднички за сите зони. Служи за пополнување на предните зони во случај на пробиени крилни или централни единици. Ако две зони истовремено се пробиени, по случаен принцип една од нив се пополнува со резервни единици.
      • Трета линија - Стрелци - има 3 зони: Лево Крило, Центар и Десно Крило, во неа се распоредени само Стрелци. Тие стрелаат на непријателската зона од првата линија, по принципот на огледало, т.е. ако стрелците се во Центар, стрелаат на непријателскиот центар, но ако се на левото крило, стрелаат на непријателското Десно Крило. Ако пред Стрелците нема никаква војска, тие по случаен принцип ја променуваат својата зона. Ако нема единици за блиска борба пред стрелците, тие се борат со 1/4 од нивниот нормален напад. Стрелците имаат ограничен број стрели (18 истрела). После тоа, тие може да прекинат да напаѓаат и да се вклучат пак, само ако битката дојде до нив и влезат во блиска борба.
      • Четврта линија - Опсадни Машини - само една зона, овде се распоредени опсадните машини. Тие стрелаат на непријателските единици истовремено и нивната штета е поделена еднакво помеѓу секоја линија и нејзините соодветните зони.
    • Процес на Битка на Поле
      • Целта е да се уништи војската на противникот во една од зоните за Вашата да може да се бори со крилен бонус 20% против остатокот од непријателските трупи.
      • Ако војската од предната линија во една од зоните ја уништи противничката војска, резервите на противникот се преместуваат и ги пресретнуваат единиците кои напредуваат. Ако војската успее да ги победи резервите, продолжува кон стрелците од трета линија. Ако ги совлада и нив, тогаш има 20% против преостанатите две зони.
      • После уништување на целата војска, победничките трупи ја напаѓаат 4 линија - опсадни машини, овде не се применува правилото за паѓање на морал, т.е. - победничката војска не може да избега кога се бори само против опсадни машини.
  • Опсада на Тврдина
    • Распоред на напаѓачката војска
      • Прва линија - составена од 1 зона, овде се распоредени сите единици за блиска борба и тараните.
      • Втора линија - 1 зона - само Стрелци.
      • Трета линија - 1 зона - сите опсадни машини освен Тарани.
    • Процес на нападот
      • Единиците се поделени во 3 групи: оние кои нанесуваат штета на ѕидовите на Тврдината, оние кои стрелаат на единиците во гарнизон и оние кои воопшто не учествуваат во борбата пред да се уништат ѕидовите на Тврдината.
      • Сите опсадни машини стрелаат по ѕидот и не предизвикуваат штета на единиците во гарнизон.
      • Тараните напредуваат заедно со Пешадијата и напаѓаат заедно со неа.
      • Коњаницата не може да го напаѓа ѕидот. Во битката се вклучува после уништување на ѕидовите од Тврдината.
      • Мечувалците и Копјеносците се единствените единици, освен опсадните машини, коишто предизвикуваат штета на ѕидовите на Тврдината. Бројот на дозволени единици на опсада на Тврдина е 3 пати поголем од гарнизонот на Тврдината (основниот, Воена Архитектура не е пресментана), секогаш прво се избираат мечувалци и после копјеносци, соодветно од најтешката кон најлесната единица.
      • Тараните се ограничени на ист начин, но нивната квота се пресметува посебно, т.е. не ги зафаќаат местата на Пешадијата, но нивниот дозволен број е еднаков на бројот Пешадија, поделен со потребниот број луѓе за регрутирање Тарани.
      • Пред секоја рунда се формира група за напад на ѕид (тарани, мечувалци и копјеносци). Тие веднаш напредуваат. Пред да го достигнат ѕидот, заштитничките стрелци стрелаат по нив, преживеаните нанесуваат штета на ѕидот.
      • Во следната рунда, местата на загинатите единици се пополнуваат и повторно се изложени на напад на стрелците пред да успеат да го нападнат ѕидот, тоа значи дека ако Стрелците успеат да ја убијат целата група, нема да бидат нанесени штети на Ѕидот на тврдината, независно дали има резерви што чекаат да се придружат во битката.
      • Тараните трпат штета како и Пешадијата. Штетите се еднакво поделени помеѓу нив, на основа на бројот луѓе, потребни за регрутација на еден Таран.
      • Стрелците на напаѓачот стрелаат по првата линија на бранителот, но штетите им се поделени на 5. Започнуваат од прва линија (единици) и после нивно уништување, поминуваат кон втора линија (опсадни).
      • Кога ѕидот е срушен, сите единици од предната линија се придружуваат во битката и го напаѓаат гарнизонот, без никакво ограничување во бројот. Коњаницата исто така учествува, но со намалени параметри бидејќи не ги користи бонусите како што е на пример јуриш x1.2 во битка на поле.
    • Распоред на војската во одбрана
      • Ров - Ги намалува животните поени на напаѓачката војска (противничката пешадија и тарани).
      • Ѕид на Тврдина - Неговата цврстина е еднаква на бројот животни поени на соодветното ниво Тврдина, плус бонусите од терен и истражување. Додека е здрава, гарнизонот е заштитен од штета.
      • Кули - Тука се расположени Балистите. Без кули, Балистите ќе се придружат во битката само кога Ѕидовите на Тврдината се уништени и е започната битката против гарнизонот.
      • Ако Балистите се повеќе од местата по кулите, нема да учествуваат. Балистите во кулите не трпат штети се додека ѕидот е здрав, па соодветно, не им требаат никакви резерви.
      • Прва линија - 1 зона, овде се распоредени сите единици освен опсадните машини, но само стрелците нанесуваат штета на напаѓачот пред да падне ѕидот. Кога ѕидот е срушен, сите единици учествуваат во битката.
      • Втора линија - 1 зона, овде се собрани сите опсадни машини, освен балистите, кои се распоредени по кулите. Катапултите и требучетите нанесуваат штета на напаѓачката војска исто како што нанесуваат при битка на поле. Тие не се ранливи во оваа фаза бидејќи противничките опсадни машини (единствената анти-единица на друга опсадна машина) се зафатени со стрелање по ѕидовите на Тврдината.
    • Процес на одбрана
      • Стрелците се борат со напад x4, целосно насочени на напаѓачките непријателски трупи (сите единици освен тараните кои ги напаѓаат со нормалниот напад и мечувалците - со напад x2), со цел да го спречат рушењето на ѕидот. Ако напаѓачката војска нема мечувалци и копјеносци, стрелците стрелаат кон непријателските стрелци и коњаница. Штетите се пропорционално разделени според бројот на целни непријателски единици.
      • Балистите по кулите стрелаат само на опсадните машини во трета линија (катапулти, требучети и балисти), ако нив ги нема или се уништени започнуваат да стрелаат по напаѓачките групи пешадија и тарани. Штетите се поделени како тие на стрелците. Нападот на балистите е фокусиран на целената единица; не се дели на линии и зони, како во битка на поле. Ова ги прави екстремно ефикасна анти-единица против сите опсадни машини. После уништување на ѕидот, одбранбените балисти се сметаат за уништени, заедно со кулите. Кулите не може да бидат поправени. Тие треба да бидат повторно изградени.
      • Коњаницата на бранителот нема никакви бонуси.

Борбени Формации

  • Борбените Формации покажуваат на кој начин војската е распоредена на бојното поле, т.е. распоред во проценти на воените единици по бојните зони: центар, лево Крило, десно Крило и Резерва.
  • Формацијата во одбрана се поставува во подмени Распоредување во Тврдината, под единиците во провинцијата. Формацијата во напад се поставува посебно за секој напад во менито Напад под единиците во Тврдината.
  • Во Ера на Освојување играчите располагаат со 6 типа Формации преку коишто самите можат да ги контролираат воените постигнувања на војската и сопствените генералски способности.
    • Балансирана Формација
      • Прва линија - 15% од војската во првата линија е во секое Крило, 60% во Центарот и 10% во Резервата.
      • Трета линија - Стрелци - 20% од Стрелците во секое Крило и 60 % во Центарот.
    • Јак Центар
      • Прва линија - 10% од војската во Предната линија е во секое Крило, 70% во Центарот и 10% во Резервата.
      • Трета линија - 10% од Стрелците во секое Крило и 80% во Центарот.
    • Јаки Крила
      • Прва линија - 20% од војската во Првата линија е во секое крило, 50% во Центарот и 10% во Резервата.
      • Трета линија - стрелци - 25% од стрелците во секое крило и 50% во Центарот.
    • Јак Центар со Крилни Стрелци
      • Прва линија - 10% од војската во Првата линија во секое крило, 70% во Центарот и 10% во Резервата.
      • Трета линија - стрелци - 40% од стрелците во секое крило и 20% во Центарот.
    • Јак Центар со Балансирани Стрелци
      • Прва линија - 10% од војската во Првата линија во секое крило, 70% во Центарот и 10% во Резервата.
      • Трета линија - стрелци - 30% од стрелците во секое крило и 40% во Центарот.
    • Јаки Крила со Крилни Стрелци
      • Прва линија - 20% од војската во Првата линија е во секое крило, 50% во Центарот и 10% во Резервата.
      • Трета линија - стрелци - 40% од стрелците на секое крило и 20% во Центарот.
  • Без ниво Тактики, сите играчи се борат исклучиво со Балансирана Формација. Потоа, секое ниво отвора пристап до една Воена Формација.

Тврдина

  • Класи на Тврдини
    • Лесна Класа - 1-во, 2-ро и 3-то ниво на Тврдина - ја брани провинцијата од Лесната Класа Единици.
    • Тешка Класа - 4-то, 5-то и 6-то ниво Тврдина - ја брани провинцијата од Тешката Класа Единици.
    • Елитна Класа - 7-мо, 8-мо и 9-то ниво Тврдина - ја брани провинцијата од Елитната Класа Единици.
  • Поправка на Тврдина
    • При успешна опсада, Тврдината се смета за уништена. Поправката е моментална и е еднаква на 1/3 од нејзината цена за изградба во камен.
    • Додека Тврдината не биде поправена, играчот не може да гради други градби во провинцијата, ниту да порачува истражувања. Меѓутоа, бонусите од Тврдината работат нормално.
  • Карактеристики на Тврдина
    Ова се основните вредности, Утврдувањето и Воената архитектура ги зголемуваат, а треба да се имаат во предвид и факторите од теренот:
    Ниво на Тврдина Животни поени Гарнизон Максимален капацитет на ресурси* Број Кули Ниво Ров Ниво Засолништа Задоволство**
    131 2005020 000 121
    262 40010035 000 242
    3124 800200110 000 463
    4374 400400410 0002684
    5748 8008001 210 00048125
    61 497 6001 6004 810 000610166
    75 990 4003 20019 210 0001212227
    811 980 8006 40046 000 0001816268
    923 961 60012 80076 820 00024203010

    * Го покажува количеството ресурси кое провинција може да го има додека производството е блокирано. Овој капацитет се пресметува посебно за секој од четирите ресурсу, т.е. Тврдина ниво 1 дозволува 20 000 од секој ресурс да бидат складирани во провинцијата.
    ** Генерирано на секои 24 часа, едноставно затоа што има ниво Тврдина во провинцијата.
  • Одбранбени градби на Тврдина
    • Трезор - Автоматски складира и крие онолку количество ресурси колку што му дозволува капацитетот, додека провинцијата е под напад. Сокриеното количество се одредува на основа на процентуалниот однос на достапните ресурси.
      Пример: Капацитет на Трезор - 60 000. Достапни ресурси во провинцијата под напад - 20 000 дрво, 80 000 железо, 40 000 камен и 40 000 злато (1:4:2:2). Трезорот ќе заштити - 6666 дрво, 26664 железо, 13332 камен и 13332 злато.
    • Кули - дозволуваат распоредување на балистите. Секоја кула има место за 4 балисти. Кога тврдината е уништена, кулите и нивните балисти се уништени исто. Без кули, балистите не функционираат додека Тврдината не падне и не започне битката со гарнизонот. Кулите автоматски се поправаат со поправката на уништената тврдина.
    • Ров - ги намалува животните поени на напаѓачката војска за 1% по ниво.
    • Засолништа - го штитат цивилното население од непријателски Грабежи. Секое наредно ниво го зголемува бројот на заштитено население за 112% во споредба со претходното, почнувајќи на основа од 120 селани. Засолништата кај Империјаните имаат 50% повеќе место за селани на кои им се заканува грабеж.

Опоравување после Битката

  • Ако е поразен, Империјанот кој изгубил обновува 15% од неговите загуби.
  • Империјанот победник обновува 30% од неговите загуби, земајќи ја снабдувачката пратка на непријателската војска. Таа е еднаква на 24-часовното издржување на уништената војска во злато.

Битка и Издржување

  • За гарнизонот во Тврдина не е потребно издржување.
  • Ако нема доволно злато, а Вашите трупи маршираат, тие ја продолжуваат мисијата, генерирајќи негативен биланс злато во Вашата Ризница.
  • Војската не може да биде испратена во мисија освен ако златото во Ризницата е позитивно.

Воени достигнувања

  • Воени поени - во мирни времиња може да бидат заработени по два начина:
    • Уништување на непријателска Тврдина:

      Тврдина 1 - 1 поен
      Тврдина 2 - 2 поени
      Тврдина 3 - 3 поени
      Тврдина 4 - 4 поени
      Тврдина 5 - 8 поени
      Тврдина 6 - 16 поени
      Тврдина 7 - 32 поени
      Тврдина 8 - 64 поени
      Тврдина 9 - 128 поени
    • Уништување противнички единици - убиена војска во вредност од 5000 златен еквивалент носи 1 воен поен. Напад врз уништена тврдина не носи воени поени.
  • Воени чинови - количеството воени поени кои ги има играч го одредува неговиот воен чин, кој се гледа во официјалното рангирање, како што следува

    Од 0 до 149 - Почетник
    Од 150 до 249 - Редник
    Од 250 до 499 - Десетар
    Од 500 до 749 - Помлад Наредник
    Од 750 до 1499 - Наредник
    Од 1500 до 2999 - Постар Наредник
    Од 3000 до 7499 - Офицерски Кандидат
    Од 7500 до 14999 - Помлад поручник
    Од 15000 до 22499 - Поручник
    Од 22500 до 34999 - Постар Поручник
    Од 35000 до 49999 - Капетан
    Од 50000 до 74999 - Мајор
    Од 75000 до 99999 - Потполковник
    Од 100000 до 149999 - Полковник
    Од 150000 до 224999 - Бригаден Генерал
    Од 225000 до 324999 - Генерал Мајор
    Од 325000 до 499999 - Генерал потполковник
    Од 500000 до 749999 – Генерал
    Од 750000 до + ∞ - Маршал
  • Медали - воени ордени доделени на победниците во двете најкрвави битки, една во одбрана и една во напад, во светот, за денот. Најкрвавите битки се оние со највисока вредност изубени воени единици во златен еквивалент.

Шпионажа

Системот за шпионажа во Ера на Освојување е поделен во 2 дела: Шпионажа и Контрашпионажа
  • Шпионажа
    • Кога ќе се отвори екранот со Шпионажа се покажуваат сите провинции на играчот. Оние коишто се обоени во црвено се заградени провинции (насекаде опкружени од други провинции) и затоа војската која ги напаѓа се бори со -20 морал.
    • Брзината на шпионите е 3600 ИМ/ч.
    • Шансата за да се изврши успешна мисија зависи од нивото Шпионажа и од бројот испратени шпиони.
    • Издржувањето на шпионите на мисија е еднакво на нормалното издржување x 1.2
    • Во екранот за Шпионажа можете да инфилтрирате шпиони или да го проверите Вашиот последен шпионски извештај или извештајот од свој сојузник. Тој ја претставува состојбата на провинцијата/колонијата во моментот кога била шпионирана, затоа последниот шпионски извештај не обезбедува актуелна информација.
  • Контрашпионажа
    • Служи за потрага и уништување непријателски шпиони.
    • Заробувањето на шпионите на границата е автоматско.
    • Секој инфилтриран шпион може да биде заробен, освен ако не е повлечен назад.
    • Преку клик на копчето за Контрашпионажа може да ги видите сите инфилтрирани шпиони.

      Моменталната употреба на контрашпионажата, вештачки и еднаш, го зголемува нивото на контрашпионажа на бранителот за 3 нивоа.
  • фактори кои влијаат на успешната Шпионажа и Контрашпионажа:
    • Шансата за успешно инфилтрирање се одредува преку споредба на нивоата од шпионажа и контрашпионажа и бројот на испратени и одбранбени шпиони кај оној што шпионира и шпионираниот играч, соодветно.
    • При еднаков број шпиони кај оној што шпионира и шпионираниот играч, и еднакви нивоа шпионажа, шансата за инфилтрање на оној што шпионира е 90%. Ако Контрашпионажа е едно ниво повисока од Шпионажата на напаѓачот, тогаш шансата за успешна шпионажа е 80% и обратно - 95%, т.е. со секое наредно ниво Контрашпионажа, шансата за инфилтрање се намалува за 10%, а со секое ниво Шпионажа на напаѓачот - се зголемува за 5%.
    • Со секој следно испратен шпион, шансата за успех се зголемува, па бројот на шпиони од играчот кој шпионира е спореден со бројот на регрутирани и мобилизирани шпиони кај шпионираниот играч, а се споредува и нивото на Шпионажа и Контрашпионажа, па затоа успешната шпионажа е во директна зависност од бројната супериорност. Меѓутоа, во случај да постојат 5 или повеќе нивоа разлика помеѓу нивоата шпионажа во корист на напаѓачот, инфилтрирањето секогаш ќе биде успешно, без разлика на бројот шпиони.
    • Ако играчот кој шпионира успее да инфилтрира, тој добива шпионски извештај што се состои од: бројот и видот на непријателска војска (поле и гранизон), количеството собрани ресурси во провинцијата, златото во Ризницата на престолнината (ако шпионираната територија е престолнината) и нивото на Тврдина.
    • Ако при клик на копчето Инфилтрирање шпионскиот играч е заробен, тој губи 20% од испратените шпиони, не добива шпионски извештај, а шпионираниот гледа кој пробува да се инфилтрира.
    • Ако шпионскиот играч успее да се инфилтрира, но шпионираниот активира Контрашпионажа преку клик на соодветното копче, пресметувањето повторно се извршува - нивоата на шпионажа и бројот на испратени шпиони и бројот на мобилизираните повторно се споредуваат и ако играчот кој шпионира ја има потребната броена и разузнавателна супериорност, шпионираниот губи 20% од неговите мобилизирани шпиони, додека агресорот успешно добива шпионски извештај. Во случај кога бројната и шпионска супериорност му припаѓаат на шпионираниот играч, непријателските шпиони се избркани без загуби и од двете страни.
    • Симулатор за шпионажа
      • Ви дозволува во полињата да ги воведете своите и противничките нивоа на Шпионажа/Контрашпионажа и бројот шпиони за да ги пресметате шансите за успешна шпионажа/контрашпионажа и/или возможниот број на изгубени шпиони.
      • Бидејќи 100% шанса за успех е гарантирана САМО ако има 5 нивоа разлика помеѓу Шпионажата и Контрашпионажата на вклучените страни, имајте на ум дека резултатот добиен од симулаторот за Шпионажа може да не одговара на резултатот од шпионската/контрашпионската мисија.
  • Шпионажа, Контрашпионажа и Напад
    • Ако нивото на Шпионажа на напаѓачот е еднакво со нивото на Контрашпионажа на бранителот, бранителот го гледа составот на напаѓачката војска 30 минути пред ударот.
    • Со секое ниво разлика, соодветно се додаваат или одземаат 10 минути.
  • Шпионажа и Сојуз
    • Кога е дел од сојуз, играчот добива дополнителен бонус да може да ги користи шпионските извештаи од своите сојузници. Најновите шпионски извештаи направени од играч или од неговите сојузници се видливи секогаш во приватниот список на играчот. Овие извештаи не обезбедуваат актуелна информација, тие ја покажуваат информацијата што била пронајдена за време на шпионирањето.

Чест

Ова е статистика што го покажува военото поведение на секој играч според тоа дали води чесни битки, дали се бори цивилизирано итн.

Акции кои генерираат негативна Чест:
  • Напад на непријател надвор од дозволениот опсег на нето економски поени x2 – предизвикува загуба на Чест од 2 поени за секој 0.1 коефициент разлика.
  • За повлекување на војска после 15-тата минута после испраќањето на нападот - 1 поен Чест.
  • За Ограбување на непријателска провинција - 4 поени чест
  • За објавување војна без претходна промена во односите со Сојузот од Неутрален во Непријателски - 4 поени Чест помалку за секој член на Агресорот. (Само за членови на Сојузот)

Напомена! Одземање Чест поради грабеж се врши после спроведување на битката и затоа не се покажува во извештајот од битката. Одземањето Чест за напад надвор од опсег се врши веднаш после испраќањето на нападот и затоа никогаш не се покажува во извештајот од битката, а Чест се одзема секогаш, дури и ако нападот е повлечен.

Акции кои генерираат позитивна Чест:
  • Сите играчи добиваат +2 Чест дневно, а Офицерите-Дипломати +1 дополнителен поен Чест секој ден во втор и трет статус на лојалност.
  • Победа во битка на поле - 1 поен, меѓутоа, само ако победничката војска изгубила најмалку 10% од своите единици.
  • Победување во битка за Опсада на Тврдина, без разлика на чија страна (бранител или напаѓач) - 2 поени, меѓутоа само во случај ако победничката војска изгубила најмалку 10% од своите единици.
  • За секој 100 000-ти залатен еквивалент убиена војска, победникот добива 1 поен Чест. Нападот треба да е во рамките на дозволениот опсег x2 и сѐ уште мора да се исполнат условите за Чест - загуба на најмалку 10% од составот на сопствената војска.
Чест, Морал и Задоволство
  • Позитивна Чест - на играчот му дава бонус на Глобалниот Морал и на Задоволството. На секои 100 поени чест додава +2 поени Морал кон основниот. Максималниот бонус Морал што играч може да го има од позитивна чест е 20. Секои 200 поени Чест доделуваат 1 поен Задоволство. Лимит - 5.
  • Негативна чест - го казнува играчот со загуба на Глобален Морал и Задоволство. Секои 100 негативни поени Чест одземаат 5 поени Морал од основниот. Кога честа падне под -100 поени, дневната казна на Задоволство е 5.

Напад надвор од опсег

Напад надвор од дозволениот опсег x2 на нето економски поени, предизвикува загуби на Чест, Морал и Напад за секоја разлика од 0,1 коефициент, како што следува:
  • 2 поени Чест
  • 1,67 поени Морал
  • 3% од параметарот 'напад' на единиците на напаѓачот, коешто важи само кога напаѓачот е со поголемиот профил.

    * Важно: Добиена битка во напад надвор од дозволениот опсег x2, на напаѓачот кој има повеќе нето економски поени не му доделува воени поени, чест и медал. Ако напаѓачот има помалку нето економски поени од бранителот и победи во битката која е надвор од опсег x2, тој ќе добие воени поени, но нема да добие чест или медал. Правилото е валидно и за време на војна, но воените поени, добиени од страна на напаѓачот со поголемо количество нето економски поени се бројат за сојузот.

Капитулација

  • Дозволува на одредена Империја да се одбрани од нападите на друга за 168-часовен период. За време на овој период, ниту капитулираната Империја ниту онаа која напаѓа не може да испраќаат напади една кон друга.
  • Играч “а” има право да капитулира од играч “б” само доколку во изминатите 48 часа пред капитулацијата “б” го нападнал “а” најмалку еднаш, а притоа играчот “а” не го нападнал “б”. Сите играчи од кои можете да капитулирате во моментот се прикажани во Сала на Престолот, подмени Капитулација.
  • Може да капитулирате до 10 пати во период од 168 часа, исполнувајќи ги условите наброени горе. Првата капитулација е бесплатна, но секоја наредна капитулација чини 1700 дијаманти повеќе од претходната. Имајте на ум дека една капитулација одзема 10% од Вашите воени поени.
  • Во војна, сите капитулации помеѓу членовите на спротивставените сојузи се прекинати.
^