Раси

Светот на Империја Онлајн Ера на Освојување е населен со население поделено во две различни раси – Империјани и Номади. Првите се карактеризираат со економска тенденција. Бонусите на Империјаните го предодредуваат нивниот посилен економски развој за разлика од воените достигнувања. Додека вторите особено се орентирани кон подобрување на командантските способности, оставајќи ја настрана уметноста на централизираната власт. Со цел изборот на стратегија и стил на играње да се направи полесен за почетниците, еве некои основни акценти во уникатните особености на двете раси:

Империјани

  • Економски аспект:
    • 20% бонус на производството на камен. Кај Номадите, производството е основното, нема бонуси.
    • Прирастот на население кај Империјаните е значително побавен – 1 х моменталното население / 1000 + 50*. Сепак, лимитот на населениете може да се зголеми преку надоградување Куќи, додека кај Номадите е фиксен и не може да се приложат никакви надоградби.
      *Преку активирање Премиум, прирастот на население се зголемува за 10%.
    • Империјаните можат да имаат бездомници - населението што го собираат кога веќе е достигнат лимитот на население, дозволен од моменталното ниво Куќи. Може да бидат регрутирани за војска, но не може да бидат вработени и затоа не произведуваат ресурси. За да прозиведуваат ресурси треба да се изградат доволно нивоа Куќи.
    • Фармите кај Империјаните се 38% поефикасни од тие кај Номадите. Капацитетот се зголемува за 5% со секое наредно ниво во однос на претходното при основа 7500.
    • Времето за Истражувања е пократко за 15% во однос на номадското.
  • Воен аспект:
    • Тврдина
      • 30% повеќе животни поени од оние кај Номадските тврдини.
      • Империјанските Тврдини се 10% поскапи од номадските.
      • Тврдините и на двете раси располагаат со Засолништа коишто се наменети да го сокријат и зачуваат цивилното население во случај на непријателски Грабежи. Империјаните користат бонус за Засолништата – 112% по ниво при основа од 120, додека основата кај Номадите е само 80.
      • Гарнизонот на Империјанските Тврдини е за 50% помал од Номадскиот.
    • Издржувањено на војската во движење е еднакво на нормалното х1.2. Кај Номадите е x1.02, според тоа Империјанските воени мисии се поскапи за ~17%.
    • Брзината на Империјанските воени единици е видливо помала од онаа на Номадските, а процентот варира според различните класи и видови единици. Нивното регрутирање е доста поскапо од тоа кај Номадите, но затоа се и значително посилни. (Прочитајте повеќе за воените единици на двете раси во менито Воени единици).
    • Империјанските опсадни машини имаат иста цена како и номадските, но се посилни за 20%.
    • Времето за обука на единиците е значително подолго во споредба со тоа кај другата раса, но, преку активирање Премиум, времето за обука на Империјанските единици се намалува за 20%.
    • Во одбрана, Империјаните имаат 10% бонус на напад. Преку активирање Премиум, нападот на единиците расте за 10%, како во напад, така и во одбрана.
    • Во одбрана, моралот на Империјаните се зголемува за 10%. И додека моралот кај Номадите при напад расте за 10%, истовремено намалувајќи го моралот на противниците за 10, ако Империјан биде нападнат од Номад, нивната основна вредност на Морал, без никакви дополнителни бонуси би била: 110 против 100, односно 90 против 100.
    • Максималниот процент на ограбено население од Империјанска војска може да биде 20% од целото население во нападнатата провинција. Империајните губат 4 поени чест при секој реализиран Грабеж и добиваат 5 злато за секој убиен селанец.
    • Ако Империјан победи во било каква битка, обновува 30% од загубите на војска. А ако е поразен - само 15%.
    • Ако се бори против Номад, избеганиот Империјан поради низок Морал, губи 15% од својата војска при Опсада на Тврдина и 25% при битка на поле, а во случај на битка против друг Империјан - 10% при Опсада на Тврдина и 20% при Битка на Поле.
    • Дозволениот број воени единици при Опсада на Тврдина е 3 пати поголем од гарнизонот во Тврдината (основниот, Воена Архитектура не се пресметува). Прво се избираат мечувалци и потоа копјеносци, движејќи се секогаш од елитни кон лесни единици. Бројот на дозволени тарани е еднаков на бројот пешадија поделен со бројот луѓе, потребни за регрутирање на тараните.

Номади

  • Економски аспект:
    • Прирастот на население кај Номадите е значително побрз од империјанскиот - 2 х моменталното население / 1000 + 50, за разлика од империјанскиот - 1 х моменталното население / 1000 + 50.
    • Номадите имаат фиксен лимит на население – 220 000 во провниција бр.1 и сите колонии, 200 000 во првиот круг провинции, 240 000 во вториот круг провинции и 280 000 во третиот круг провинции, тоа го објаснува фактот зошто Куќите кај Номадите се изоставени. Меѓутоа, лимитите во 2-риот и 3-тиот круг може рачно да бидат намалени на 220 000 по желба на играчот. Престолнината има бонус 100 000 на лимитот на население.
      Активирањето Премиум ги зголемува лимитите на население кај Номадите за 10%.
    • Фармите се за 30% помалку ефикасни. Капацитетот се зголемува за 10% по ниво во однос на претходното, при основа 5400.
      Активирањето Премиум ги намалува загубите на население поради недостиг на фарми бидејќи го зголемува ефектот на фармите за 10%.
    • Истражувањето е за 10% подолго од основното. И бидејќи Империјаните истражуваат со 15% пократко време од основното, номадските истражувања се за 25% побавни од империјанските.
    • Изградбата на Градби е за 15% пократка во однос на онаа кај Империјаните.
  • Воен аспект:
    • Тврдина
      • 30% помалку животни поени од империјанските Тврдини.
      • Номадксите тврдини се зо 10% поевтини од империјанските.
      • Номадскиот гарнизон е за 100% поголем од Империјанскиот.
    • Издржувањето на војската во движење е еднакво на нормалното х1.02. Империјанското е x1.2, на сметка на тоа што воената мисија кај Номадите е поевтина со ~17%.
    • Брзината на номадските воени единици е значително поголема од онаа кај Империјаните, процентот варира според класата и видот на единиците. Нивното регрутирањето е поевтино од она кај Империјаните, но затоа се и значително послаби. (Прочитајте повеќе за воените единици од двете раси во менито за Воени Единици).
    • Времето за обука на единиците е значително пократко во однос на времето кај другата раса.
    • Номадските опсадни машини се со иста цена како империјанските, но се послаби за 20%.
    • Во напад, имаат 10% бонус напад. Со активирање Премиум, нападот на Номадските единици се зголемува за 10% и во напад и во одбрана.
    • Во напад, моралот на Номадите расте за 10, намалувајќи го нападот на противникот за 10. Но, доколку цел на нападот на Номадот е Империјан, нивните основни вредности на Морал, без никакви дополнителни бонуси, ќе бидат 110 против 100 (секогаш имајќи во предвид дека Империјаните имаат фиксен бонус 10 поени Морал во одбрана) и обратно - 90 против 100.
    • Максималниот процент на ограбено население од Номадска војска изнесува 30% од вкупното цивилно население во нападнатата провинција. Номадите губат 3 поени Чест при секој реализиран Грабеж, а добиваат 6 злато за секој убиен селанец.
    • Номадот кој е победник во било каква битка обновува 40% од загубите на неговата војска, а ако е поразен - 25%.
    • Во битка против Империјан, Номадот кој избегал поради низок вредност на Морал, губи 10% од својата војска при Опсада на Тврдина и 20% при Битка на Поле, а во случај на битка против друг Номад - 15% при Опсада на Тврдина и 25% при Битка на Поле.
    • Капацитетот на касарните кај Номадите е за 100% поголем од оној на Империјаните, односно 100 по ниво.
    • Бројот дозволени единици при Опсада на тврдина е 6 пати поголем од гарнизонот во Тврдината (основниот, Воена Архитектура не се пресметува). Прво се избираат мечувалци, потоа копјефлачи, движејќи се секогаш од најлесната кон најтешката единица. Бројот дозволени тарани е еднаков на бројот пешадија, поделен со бројот на луѓе, потребни за регрутирање на тараните. Како заклучок, Номадската опсада може да биде 2 пати побројна од онаа на другата раса.
^